Ракометна сензација: Бундеслигашки „давеник“ го исфрли Магдебург од Купот на Германија!

Ракометна Германија беше сведок на голема сензација. „Давеникот“ во Бундеслигата, Бергишер приреди вистинско изненадување и го совлада славниот Магдебург во Купот на Германија. 

Натпреварот се одигра во Келн пред скоро 20.000 гледачи. По истекот на регуларното време резултатот беше 22-22, а по продолжението на семафорот стоеше 27-27. Следувааше пенал-серијата, во која второлигашот беше поуспешен и со тоа го оствари еден од најдобрите резултати во клупската историја. 

За Магдебург ова е огромен удар, особено ако се земе предвид колкав фаворит беше во пресрет на мечот. На другата страна, пак, навивачите на Бергишер беа во транс и ги поздравија своите миленици за овој неверојатен успех.