Ракометарките убедливо поразени од Србија и во вториот тест-меч

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Србија и на вториот контролен натпревар кој се играше зад затворени врати во Скопје, овојпат со поубедливи 27-43 (15-18). Првиот натпревар одигран вчера заврши исто така со победа на Србија со резултат 29-35.

Српската репрезентација која беше голем фаворит во двата натпревари и на денешниот ја оправда фаворитската улога и со извонредно второ полувреме стигна до убедливата победа. Најзаслужна за високата победа беше Јелена Лавко со 8 гола, Николиќ запиша 6, а Тамара Георгиев и Слаџана Поп-Лазиќ натпреварот го завршија со 5 голови.

Двата натпревари за нашите ракометарки беа дел од подготовките пред бараж-натпреварите за Светското првенство против Шведска