ФОТО: Ракометарките тренираа во Битола, градоначалникот Коњановски им посака среќа!

Женската ракометна селекција на Македонија е пред можеби најважниот натпревар во поновата историја. Во сабота во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува селекцијата на Полска, против која нашите ракометарки ќе бркаат пласман на претстојното Светско првенство. 

На првиот натпревар одигран во Полска, домашната репрезентација славеше со четири гола (22-18), разлика која што е достижна за Македонија, која на планетарен собир последен пат учествувала пред осумнаесет години.

Ракометарките и стручниот штаб го одработија првиот тренинг во битолската сала, а пред почетокот на истиот среќа и успех им посака градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Градоначалникот, посакувајќи им голем успех на ракометарките, нагласи дека претставува голема чест за градот, тоа што Битола е домаќин на еден ваков значаен натпревар“.

Продажната цена на влезниците е 100 денари, а истите можат да се купат online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.