Ракометарките со ист пласман како мажите на најновата листа на ЕХФ

Женската ракометна репрезентација на Македонија го дозна новиот ранкинг на официјалната листа на Европската федерација (ЕХФ). 

Нашите девојки на новата листа се на деветнаесеттата позиција, со вкупно 23 поени, а едно место погоре е селекцијата на Исланд, која има бод повеќе. Убедлив лидер е Норвешка со 116 поени, а во Топ-10 се уште репрезентациите на Франција, Данска, Шведска, Холандија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Шпанија и Словенија. 

Неодамна нашите репрезентативки настапија на Европското првенство, каде освоија еден бод во групата А, во конкуренција на Унгарија, Турција и Шведска. Следен предизвик е бараж-дуелот против Полска за пласман на Светското првенство.