• Зоран Мишевски
Со доаѓањето на новото раководство на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), националните селекции своите домашни натпревари ќе ги играат низ цела земја. Така, женската селекција во септември ќе игра турнирски натпревари во Охрид, а во октомври пак ќе биде домаќин во Битола.
Во рамките на квалификации за Светското првенство во 2026 година, првиот домашен натпревар македонските девојки против Словенија ќе го одиграат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Натпреварот е закажан за 19 октомври. Прв противник во квалификациите е Германија три дена претходно.
Во рамките на „Трофејот Македонија“ во сеттември Македонија во Охрид ќе игра против Тунис, Египет и Грција.


