• Иван Димовски
Најдобрата женска репрезентација на Македонија е на 120 минути до враќање на Светските првенства, бидејќи во бараж двомеч ќе се бори за место на завршниот турнир против Украина.
Љубомир Савевски веќе ги избра и собра ракометарките кои се подготвуваат за двата дуели. Првиот се игра во Скопје, в сабота во СЦ „Борис Трајковски“ во 19:00 часот. Ракометната федерација на Македонија сака што е можно поголема поддршка од трибините, па поради тоа влезот во салата ќе биде слободен.
Со бесплатниот влез, македонските девојки се надеваат на „осми играч“ од трибините. Репрезентативките веќе почувствуваа како е да се игра пред солидно пополнета сала во Скопје, на натпреварите од Европското првенство на кое бевме еден од домаќините.
По скопскиот дуел, реваншот се игра три дена подоцна во Унгарија, во градот Кишварда.