Ракометарките против Полска ќе бркаат пласман на Светското првенство во 2025!

Во пресрет на последните битки на шампионатот на стариот континент, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) организираше завршна прес-конференција, по која започна ждрепката за бараж-натпреварите за следното Светско првенство.

Мундијалот во 2025 година ќе се одржи во Холандија и Германија, а нашата женска селекција за пласман меѓу најдобрите во светот ќе се бори против селекцијата на Полска. Нашата најдобра женска ракометна селекција на континенталниот собир 2024 не успеа да ја мине групната фаза, заврши на осумнаесеттата позиција, па поради тоа беше сместена во вториот шешир. Полјакинките, пак, на ЕП се пласираа во главната група, во која запишаа само една победа, во последното коло против Романија.

Низ историјата Македонија и Полска се имаат сретнато три пати, а последен пат во 2017 година.  На трите средби славеше селекцијата на Полска. 

  • Бараж-натпреварит за Светското првенство 2025:

Бараж-натпреварите ќе се одиграат за време на ЕХФ-неделата во април. Првите натпревари се на програмата на 9/10 април, додека реваншите се закажани за на 12/13 април 2025 година. Македонија домаќин ќе биде на реваншот.