• Горан Упале
Женската јуниорска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Светското првенство кое што се одржува во нашиот главен град. Противник ќе ѝ биде селекцијата на Кина против која ќе се бори за пласман на 15. позиција.
Избраничките на Јанев ја остварија зацртаната цел, влегоа во вториот круг на шампионатот, но немањето на искуство, па и среќа беа клучни што не се изборија за подобар пласман. Особено боли ремито со Португалија, против која имавме четири гола разлика, но на крај моравме да се задоволиме само со реми. Потоа, јуниорките загубија од Црна Гора и вчера од Јужна Кореја.
За денеска се резервирани и полуфиналните битки. Прв финалист ќе биде подобриот од дуелот меѓу Холандија и Унгарија (18:00), додека во второто полуфинале се среќаваат Данска и Франција (20:30).