Ракометарките од третиот шешир чекаат ждрепка и борба за ЕП 2020

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде сместена во третиот шешир, на ждрепката за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година.

Нашите ракометарки се најдоа во друштво на Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина и Италија, што значи дека нема да може да играат против нив. Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 4 април во Копенхаген, Данска.

На ждрепката репрезентациите ќе се распоредат во седум групи, во кои ќе играат по четири екипи, а најдобрите две ќе одат на европскиот ракометен собир. ЕП 2020 ќе се игра од 4 до 20 декември, 2020 година.

ШЕШИРИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2020

ПРВ ШЕШИР: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија

ВТОР ШЕШИР: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска

ТРЕТ ШЕШИР: Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Македонија, Украина, Италија

ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови, Косово, квалификант