• Иван Димовски
Македонската ракометна репрезентација го користи периодот на пауза во женскиот ракомет и ќе одигра пријателски турнир во Турција.
Овие денови девојките предводени од Кристијан Грчевски работат и тренираат во Кавадарци, за практичност поради клупскиот ангажманот на селекторот во машкиот клуб Тиквеш. Македонските ракометарки добија повик и беа на пречек кај градоначалникот на градот Митко Јанчев.
Ракометарките заедно со стручниот штаб беа во просториите на Општина Кавадарци, каде што од Јанчев добија честитки и желба за успех во иднина.
Македонската селекција ќе настапи на меѓународен пријателски турнир во турскиот град Анкара, а таму освен домаќинот ќе играат уште селекциите на Словенија и Словачка.
