• Иван Димовски
Норвешката ракометарка, Нора Мерк немаше многу среќа со повредите во кариерата и дури десет пати ги оперираше коленото. Сега, десниот бек реши да потпише со амбициозниот проект на домашната сцена, Виперс Кристиансанд.
Откако претходната сезона ја мина во ЦСМ Букурешт, нејзиното место во Романија ќе го заземе поранешната вардарка, Барбара Лазовиќ. Претходно ги бранеше боите на Ѓер, клуб со кој трипати стана европски првак, а еднаш се радуваше на трофејот и со Ларвик.
Виперс тргна по големи имиња и амбициите се да биде нападнат врвот на Европа. Мерк го препозна квалитетот на новиот проект во Норвешка и спремна е да му помогне на клубот да нападне кон трофејот во Лигата на шампионките.
Оваа ракометарка е и репрезентативка на својата земја, со која има три континентални златни медали и еден мундијалски.