• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија одигра уште еден пријателски натпревар пред стартот на Светското првенство (СП) и запиша победа.
На хрватско тло, избраниците на Кирил Лазаров одиграа пријателски меч со МРК Сесвете, хрватскиот клуб предводен од Игор Вори. Оваа средба беше од затворен карактер, а Македонија успеа да слави со резултат 42-28, на полувреме беше 18-12.
Последниот меч пред СП 2025, Македонија ќе го одигра на 12 јануари против Зеленортските острови.