Ракометарите тргнуваат дома со Луксембург, првото гостување во Турција

Ракометната репрезентација на Македонија го доби распоредот во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

Нашиот национален тим доби интересна група. Од првиот шешир ја извлече Португалија, додека од останатите два пристигнаа познаникот Турција и екипата на Луксембург. Квалификациите стартуваат во октомври, првиот натпревар е на домашен терен.

  • РАСПОРЕД ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2024:

1.коло 12.10.2022 Македонија - Луксембург
2.коло 15.10.2022 Турција - Македонија
3.коло 08.03.2023 Македонија - Португалија
4.коло 11.03.2023 Португалија - Македонија
5.коло 26.04.2023 Луксембург - Македонија
6.коло 30.04.2023 Македонија - Турција