• Мартин Танасковски

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во Египет каде ќе игра на Светското првенство (СП) кое се одржува овој месец и каде се влезе како „прва замена“ по откажувањето на Чешка од турнирот.
Со чартер лет од Скопје, експедицијата пристигна во Каиро. Уште на самиот аеродром ракометарите биле подложни на тестови, а процедурата продолжува и понатаму, се до пристигнувањето во хотелот.
Брестовац и ракометарите во моментов се сместени во своите соби, каде постојат строги протоколи. Сите се во „балон“ и чекаат на резултатите и евентуално некои нови тестирања.
Македонија настапот на СП го стартува за 24 часа, кога влегува во дуел со Шведска. Потоа следат натпревари со Египет и со Чиле. Најдобрите три селекции од секоја група одат во наредната рунда.