Ракометарите се собраа подмладени, се цели кон успех на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација се собра пред настапот на нов ракометен Мундијал, кој во 2019 година ќе се игра во Германија и во Данска.

Составот за разлика од претходно е доста подмладен, затоа што на сметка на неколку искусни имиња, влегоа млади ракометари. На првиот собир се појавија сите ракометари, со исклучок на Филип Лазаров, Борко Ристовски и Филип Талески, кои ќе се приклучат во текот на утрешниот ден. Исто така, доцнат и селекторот Раул Гонзалез и неговиот помошник Роберто Гарсија Парондо, кои исто така од утре ќе бидат „во служба“ на Македонија.

Кондицискиот тренер, Кристијан Кајчевски ќе го води денешниот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ќе се тренира во Скопје, а истовремено како дел од подготовките ќе се играат и два пријателски меча против Србија. Првиот натпревар кој ќе се одигра на 4 јануари ќе биде од отворен тип и влезот ќе биде слободен, додека за вториот, кој е закажан за наредниот ден, вратите за пошироката јавност ќе бидат затвoрени. 

Македонија на Мундијалот ќе игра во група заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а трите најдобри ќе продолжат во наредната рунда.

Селекторот Гонзалез за подготовките ги повика овие 22 ракометари: 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0