• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија ја доби посакуваната услуга и се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир, како втора во групната фаза.
Шпанија во последниот натпревар го збриша домаќинот Алжир (19-31) и така ја испрати екипата на Кирил Лазаров во следната фаза. На Македонија ѝ беше потребна само победа на „фуријата“ за да оди понатаму со подобра гол-разлика од Алжирците, па тоа и се оствари.
Македонија во полуфиналето на Медитеранските игри ќе се соочи со Египет. Шпанија, пак, која е перфектна и заврши со четири победи на четири средби ќе игра против Србија. Победниците од овие натпревари патуваат во финалето, додека поразените ќе играат за бронзата.
Тунис и Алжир ќе се соочат за петтото место на настанот, Италија и Турција ќе играат за седмо место, додека Грција е деветта поради откажувањето на Словенците.