Ракометарите патот за Скандинавија го отвораат и затвораат на домашен терен

Ракометната селекција на Македонија доби противници по мерка во квалификациите за следното Европско првенство. Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат домаќини на континенталниот собир кој што ќе се одигра во 2026 година, а Македонија на патот до ново учество ги има фаворизираната Словенија и двете балтички земји Литванија и Естонија.

Веднаш по ждрепката, познат е и распоредот во групата. Македонија стартува и завршува на свој терен. Првиот натпревар го играме против Естонија, додека квалификациите ги затвораме со Литванија.

Квалификации за ЕП 2026:
Прво коло: 

Македонија – Естонија

Второ коло: 
Литванија – Македонија

Трето коло: 
Македонија – Словенија

Четврто коло: 
Словенија – Македонија

Петто коло: 
Естонија – Македонија

Шесто коло: 
Македонија – Литванија

Двете најдобри селекции од секоја група и четири третопласирани ќе се квалификуваат на завршниот турнир. Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.