• Горан Упале

Ракометарите на Македонија денес ја започнуваат мисијата наречена Европско првенство. Нашите ракометари уште на самиот старт ќе имаат тешка задача, играјќи против најголемиот фаворит за златен медал, селекцијата на Франција.
Ракометарите вчера го одработија единствениот тренинг пред овој натпревар и тоа во многу релаксирана и опуштена атмосфера. Дека притисокот пред денешниот натпревар против Франција е скоро минимален, покажуваат и статусите на нашите репрезентативци на нивните Фејсбук профили.