Ракометарите на Прилеп издвојуваа лесна победа против Металург Јуниор

Во првиот натпревар од 13. коло во ракометната ВИП Супер лига, ракометарите на Прилеп издвојуваа убедлива победа против Металург Јуниор во Скопје со 34-43 ( 16-26). Натпреварот се одигра во салата во  “Автокоманда“ пред само 150 гледачи.

Гостите од Прилеп уште на почетокот со водството од 5-0 покажаа дека единствена опција за нив е победа во денешниот натпревар. До крајот на полувремето само ја зголемуваа предноста, за да на одмор заминат со предност од 10 гола, (16-26).

Во второто полувреме се играше брзо и ефикасно, со многу погодоци на двете страни, за конечни 34-43 за гостинските ракометари. Најефикасен на натпреварот кај победничката екипа беше Пеце Ѓоргиевски со 9 гола, а кај домаќините најмногу се истакна  Дарко Стојковски со 11 погодоци. По денешната победа, ракометарите на Прилеп останаа осамени на третото место со 24 бода, три повеќе од Работнички, кој има и натпревар помалку, а Металург Јуниор остана закован на дното со само еден нерешен резултат во 13 натпревари.