Ракометарите на Њујорк ќе играат на Суперглоуб!

На ИХФ Суперглоуб (Клупско светско првенство) за првпат ќе настапи клуб од САД. Ракометарите на Њујорк победија на клупскиот шампионат на Северна Амерка и Кариби, откако во финалето со 34-30 го надиграа Квебек од Канада. 

Откако Панамерканската федерација се подели на две одделни федерации, на Американците им се отвори шанса да се натпреваруваат на турнир со најдобрите екипи од останатите континенти.

Саудиска Арабија за првпат во историјата ќе биде домаќин на Суперглоуб, откако заврши договорот со Доха и Катар, кои минатата деценија беа организатори на турнирот.