Ракометарите на Борец убедливи против Тинекс Пролет

Во последниот натпревар од 13. коло на машката ракометната Супер лига, синоќа екипата на Борец го совлада тимот на Тинекс Пролет од Скопје, со 21-16 (8-6).

Натпреварот, на кој присуствуваа околу 900 верни љубители на ракометната игра во салата „Гемиџии“ во Велес, донесе многу возбудувања. Гледачите имаа можност да проследат рамноправна игра само во првиот дел од средбата, во кој гостите од Скопје успеваа рамноправно да се носат со домашниот Борец и на одмор заминаа со негатива од два гола (8-6).

Во второто полувреме, Борец ја презеде доминацијата на теренот и со ефектна игра во нападот успеа да создаде предност, која ја одржа до крајот на средбата. На крај, натпреварот заврши со 21-16 за домаќините.

Најефикасни поединци кај Борец беа Кире Мачавелов со седум постигнати гола и Ивица Лазаровски со пет дадени гола. Во екипата, која ја води поранешниот селектор на репрезентацијата Илија Темелковски, најрасположен играч беше Стефан Стојановски со 8 постигнати гола. Екипата на Борец со само 3 освоени се наоѓа на претпоследното деветто место од табелата, додека Тинекс Пролет е осми, со 4 освоени бода.