Ракометарите ќе поделат три милиони денари за пласманот на ЕП 2026!

Ракометната селекција на Македонија забележа убедлива победа во клучниот натпревар од квалификациите и патува на Европското првенство кое што во јануари следната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

По тој повод ракометарите и стручниот штаб ќе поделат премија која што новото раководство на Ракометната федерација им ја вети пред неколку дена. 

Управниот одбор на нашата ракометна централа за пласман на ракометарите на Европското првенство одреди парична награда од 1.500.000,00 денари, а истата сума ќе ја издвои и министерството за спорт, чиј министер е поранешниот истакнат голман Борко Ристовски.

Македонија вечерва во Скопје го надигра составот на Литванија и заслужено славеше со убедливи 26-17.