Ракометарите ја почувствуваа Струмица, Димитриевски ново име кај Брестовац

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во Струмица и го одработе последниот тренинг како подготовка за натпреварот против Грција кој се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

Сите ракометари се на број, со исклучок на Кукоски, кој се повреди и го откажа својот настап на натпреварот со јужниот сосед. Ново име кај Данило Брестовац е Дарко Димитриевски, бекот кој игра одлично за шпански Синфин.

Атмосферата во националниот тим е одлична, а мислите се само фокусирани на победа. Триумф над Грција ќе биде слатка одмазда за болниот пораз во Кожани, а истовремено ќе донесе и прво место за Македонија во групата, кое исто така носи и подобра ждрепка за ЕП 2020.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра во салата „Парк“ во Струмица, на 16 јуни.