• Иван Димовски
Младите ракометари на шведските екипи Боден и Скара имаа не така често искуство на кадетски натпревар. Прекини на натпревари ширум светот се не така ретка појава, но раритет е ако во спортска сала влета автомобил.
Во текот на натпреварот од шведската кадетска лига, автомобил управуван од пијан возач влета во теренот и предизвика прекин. Вистинска среќа е што акцијата во моментот се одвиваше на спротивната страна, а спикерот повика на повлекување на сите присутни.
Här kraschar bilen in i idrottshallen – mitt under en handbollsmatch i Vikingahallen i Märstahttps://t.co/dBISxFSQOk pic.twitter.com/6A0J9NrHtQ
— Expressen (@Expressen) November 30, 2019
„Среќа и чудо е што никој не беше повреден. Десет секунди пред инцидентот играчите беа баш на тој дел од салата каде што автомобилот го сруши ѕидот. Играчите беа во шок и останаа во соблекувалните", изјави тренерот на домашната екипа.
По инцидентот директорот на лигата го пофали спикерот и посочи дека брзо била расчистена случката.
„Сите сме потресени. Ѕидот падна, се огласи спикерот и салата брзо се испразни. Никој од нас не смееше да се приближи до автомобилот додека не се дознае за што се работи", објасни директорот на лигата.
Откако беше расчистен теренот и случката, полицијата од Шведска потврди дека се работело за видно пијан возач.