Ракометар од Црна Гора осомничен за учество во шверц на 240 килограми кокаин

Црногорецот Александар Свитлица, кој настапува за Минден, утрово ја шокира германската спортска јавност, откако беше обелоденето дека е осомничен за вмешаност во шверц на повеќе од 240 килограми кокаин од Јужна Америка во Германија. 

Како што пишуваат тамошните медиуми, Свитлица, во оваа валкана игра според новите докази учествувал со резервирање и плаќање на билетите за авион. Тој од својата сметка за реализација на оваа зделка потрошил голема сума на пари, а во тренсакциите имало суми со петцифрени износи. Црногорецот за ова дело пред два месеци беше приведен, но поради недостаток на докази веднаш беше пуштен на слобода. 

Германската полиција веќе извесен период ја следи трагата на овој шверц на кокаин, кој има вредност од над 60 милиони евра. Досега се запленети само 40 килограми, а покрај ракометарот на Минден, осомничени се уште шест лица, меѓу кои пет веќе се во притвор.