Ракометар на ПСЖ прободен со нож на новогодишната ноќ

Лоши вести доаѓаат од Париз, од каде тимот на ПСЖ информира дека еден нивен член е жртва на насилство за време на новогодишната ноќ.

Елохим Пранди, 23-годишниот член на „светците“ кој настапува на левата бековска позиција, бил прободен неколку пати со нож синоќа во Париз.

Од ПСЖ велат дека нивниот член во моментов е во болница, а моменталната здравствена состојба на играчот не дава причини за загриженост.

Од клубот истакнаа дека ќе го поддржат семејството на Пранди да оди до крајот и да бара решение за овој случај и воедно ја осудија агресијата.