Куп-ракомет елиминациско коло: Бутел налета на Металург, Охрид и Тиквеш со ривали по мерка

Ракометната федерација на Македонија ја одржа ждрепката за првото елиминациско коло од Купот на Македонија. Вкупно 29 екипи ќе се натпреваруваат во ова издание на најмасовното македонско натпреварување. 

Првото коло ќе го скокнат ланскиот Куп-освојувач Алкалоид, како и шампионот Еурофарм Пелистер и вицешампионот Вардар 1961. На извлекувањето учествуваа 26 екипи, 12 од Суперлигата. Екипите од елитата се најдоа во првиот сад, заедно со шампионот на Првата лига од минатата сезона. 

  • Парови за првото елиминациско коло во Купот:

Аеродром - Македонија Ѓорче Петров
Мулти Есенс - Преспа Вардар
Текстилец - Прилеп
Бутел Скопје - Металург РА
Радови - Скопје
Кичево - Пролет
Овче Поле - Фруитленд Борец
Охрид - Шампион
Тиквеш - Јехона
МРК Куманово - Астраион Хендбол
Младост - Струга
Вардар Неготино - Партизан 2016 Спорт
Еурофарм Пелистер 2 - Драчево

Елиминациските натпревари на стартот на Купот на Македонија се на програмата следниот викенд (5 и 6 април).