Рајн Некер им се врати на победите, Шмит и Нилсон пресилни за Балинген

Еден од фаворитите во Бундеслигата и противник на Еурофарм Пелистер во групата Д на Европската лига, Рајн Некар Левен им се врати на победите во Бундеслигата, откако загуби од Лајпциг на последниот домашен натпревар, а ги одложи натпреварите од Европската лига против Тимо Требње и Татабања, заради корона-проблеми на противниците.

Во натпревар од шестото коло на германската елитна категорија, Рајн Некар Левен на тренерот Швалб убедливо го надигра Балинген (поранешниот клуб на Талески) со 36-27 (16-14). Само во првиот дел од натпреварот отпорот на гостите беше видлив, а потоа домаќинот „нагази“ и, иако играше без Паличка, Апелгрин и Петерсон, стигна до победа од девет разлика.

Најефикасни во победничкиот тим беа Шмит и Нилсон со по седум погодоци, а Грецки реализираше пет пати. Кај Балинген се истакнаа Гретарсон со пет и Липовина со четири погодоци.

Еурофарм Пелистер ќе се сретне против Рајн Некер Левен во четвртото коло на Европската лига, на 24 ноември во Манхајм.