• Саше Љолес
Германскиот бундеслигашки гигант, Рајн Некар Левен, сака по секоја цена да го задржи во своите редови хрватскиот интернационалец, Халил Јагањац.
Најдобриот стрелец во Европската лига за 2022 година беше под договор со полскиот Киелце, но потоа замина на позајмица во Германија, каде настапува веќе три години.
Позајмицата истекува на крајот од оваа сезона, а добрите игри ја натераа управата на Рајн Некар да го откупи неговиот договор и преговорите се веќе започнати. Јагањац долго се мачеше со повреди, имаше и операција на рамото, но германскиот клуб верува во неговите квалитети и наскоро се очекуваат повеќе информации за иднината на Хрватот.