Рајн Некар рутински со Спортинг, Нант со големо реми кај Фуксе Берлин

Рајн Некар Левен без поголеми проблеми славеше победа над Спортинг од Лисабон (32-39) во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига на ЕХФ. 

Германскиот гигант одигра за нијанса подобро во првото полувреме и водеше со пет гола разлика (19-14), а Спортинг и покрај солидниот пристап во вториот дел, сепак не успеа да дојде до евентуално изненадување и на крајот загуби со конечни 32-28.  Најефикасен ракометар кај Рајн Некар беше Никлас Киркелоке со десет постигнати голови, додека кај Спортинг еден помалку забележа Франциско Коста. Дуелот беспрекотно го водеа македонските судии Митревски и Тодоровски. 

Фуксе Берлин и Нант одиграа за нијанса поинтересен и неизвесен натпревар кој на крајот заврши со конечен резултат 33-33. 

Домаќините имаа предност од два гола на паузата (17-15), но во вториот дел сликата на паркетот се промени. Нант не се предаваше лесно и обидуваше да одржува неизвесност до самиот крај, а на крајот успеа да се избори за реми со конечни 33-33 и со голема мотивација ќе го чека реваншот во Франција. 

Најдобар поединец кај Фуксе Берлин беше Матијас Гидсел со девет гола, додека екс-вардарецот Хорхе Македа запиша два помалку кај Нант.