Рајн Некар испушти +7 за реми во дербито со Флензбург во Бундеслигата

Ракометното дерби во Бундеслигата меѓу Рајн Некар Левен и Флензбург заврши без победник и со реми од 31-31. Дуелот во Манхајм понуди две комплетно различни полувремиња, каде домаќинот доминираше во првиот, а гостинот во вториот дел и можеби реми беше најреален исход. 

Рајн Некар фуриозно го започна мечот и бргу поведе со седум највисоките седум разлика (10-3). До полувремето Флензбург успеваше да парира и, иако стигна на -2, на пауза замина со високи шест голови негатива (19-13). Сепак, по полувремето како да се заменија улогите. Флензбург отвори со серија од 7-1 и бргу донесе егал. До крајот на натпреварот по израмнувањето ниту еден тим не поведе со повеќе од еден гол и во драматичен финиш, мечот заврши со нерешени 31-31. 

Во редовите на Рајн Некар блеснаа Уве Генсхајмер со девет и Енди Шмид со осум погодоци, додека Ване имаше шест и беше најпрецизен кај Флензбург, пред Абелвик Род со пет.