• Саше Љолес
Веселин Вујовиќ и неговиот Нексе Нашице не успеаја да дојдат до позитивен резултат во првиот осминафинален двобој од Европската лига и загубија од фаворизираниот Рајн Некар Левен со 19-24 (11-13).
Хрватскиот претставник со сите сили се обидуваше да се одржува во игра, но квалитетот на гостите од Германија беа евидентeн и Нексе постепено ги губеше шансите за посакуваниот исход од првиот натпревар пред својата публика.
Рајн Некар Левен имаше предност од два гола на паузата, а на крајот славеше со пет разлика. Најефикасни ракометари кај германскиот тим беа Кнор и Рајхман, додека кај Нексе најрасположен беше Гашпер Маргуч со четири погодоци.
На останатите осминафинални натпревари, Динамо Букурешт на Чави Пасквал оствари значајна победа пред своите гледачи и славеше со 37-34 над данскиот Силкеборг, додека Фуксе Берлин запиша гостинска победа кај Кадетен Шафхаузен со 28-32 и направи голем исчекор кон четврфиналето. Триумф на домашен терен забележа и Хановер, кој славеше со 34-30 нaд шведскиот претставник, Савехоф.