Рајн Некар го потврди трансферот на Нилсон

Нилсон

Екипата на Рајн Некар Левен го потврди доаѓањето на најновото засилување Лукас Нилсон од редовите на Кил.

23-годишникот пристигна кај „лавовите“ од германскиот шампион и е трето ново име во пресрет на новата сезона. Претходно тимот предводен од Мартин Швалб го засилија Албин Лагергрен од Магдебург и Меит Потреил од Хановер.

„Едвај чекам да започнам со мојата нова работа во Рајн-Некар Ловен. Ќе се приклучам на една од најдобрите екипи во Бундеслигата со амбициозни цели за следните неколку години и би сакал да добијам голема одговорност“, изјави шведскиот репрезентативец.

Кариерата на Нилсон започна во родниот Истад, а во изминатите четири години го однесе во екипата на Кил.