Рајатовски и Јовановски се вратија од Прилеп и потпишаа за Пелистер

Откако пред две недели го доведоа кружниот напаѓач Петров од Металург, раководните луѓе на битолски Пелистер ги вратија во своите редови Пеце Рајатовски и голманот Мартин Јовановски, кои во првиот дел од шампионатот го носеа дресот на Прилеп.

Заедно со овие тројца новајлии, новиот тренер Борче Марковски на располагање го има младиот црногорски голман Јагош Брауновиќ, кој најверојатно ќе потпише перманентен договор. Наредната недела се очекува пристигнувањето на Ахмед Мохамед Ради, 19-годишен Египјанец, кој игра на позицијата среден и лев бек.

Веројатно со доведувањето на Ради ќе биде затворен преодниот рок во битолскиот суперлигаш.