Рајатоски и Стојаноски заминаа од Струга

Поранешното десно крило на Пелистер и Прилеп, Пеце Рајатоски ја напушти Струга и наскоро ќе го обелодени името на својот нов клуб. Битолчанецот се врати во Македонија по кратката авантура во Косово и настапи половина сезона за стружани.

Рајатовски има понуди од неколку македонски суперлигаши кои се дефицитарни на позицијата десно крило. 

Најавено е заминување на голманот Aлександар Стојаноски, за кого исто така има понуди од неколку клубови од Суперлигата. 

Во новата сезона во македонската елитна категорија ќе играат 14 екипи, а Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот напролет 2021 година.