Рафаел Баена се враќа во редовите на Рајн Некар Левен

Баена

Рајн Некар Левен реагираше и пронајде алтернатива за повредените Јаник Колбахер и Јеспер Нилсен.

Се работи за шпанскиот кружен напаѓач Рафаел Баена за кого ова ќе биде втора етапа во клубот. 37-годишникот се враќа на познат терен по две години, откако претходно го носеше дресот на „лавовите“ во периодот од 2015 до 2018 година.

Ова ќе биде кам-бек за корпулентниот ракометар на германско тло, каде во изминатите две сезони ги бранеше боите на Бергишер.

Договорот на Баена и Рајн Некар Левен се шпекулира дека ќе трае до крајот на тековната сезона.