Радовиш за плеј-аутот се засили со лев бек од Србија

Екипата на Радовиш продолжи да го формира ростерот за продолжението од сезоната и во своите редови донесе нов лев бек од Србија.

Се работи за Петар Ачимовиќ, 194 сантиметри високиот бек кој доаѓа од Грција. Во изминатиот период, Србинот настапуваше кај нашиот јужен сосед каде го носеше дресот на три клуба, Арион Птолемајада, Зафиракис Науса и Архелаус Катерини.

Ачимовиќ и Радовиш се договорија за соработка до крајот на сезоната.