• Горан Упале

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 убедливо го совлада Радовиш со 17-32 во вториот натпревар од четвртфиналната фаза во Купот на Македонија и в вечерва против Пролет ќе брка второ по ред учество во завршницата.
- Kомплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш:
На дебито на Александар Зарков, по прекомандата на Јовиќ во првиот тим, младите пелистерци одново покажаа борбена и ефикасна игра и заслужено извојуваа убедлива победа, која што им донесе уште шеесет минути до нов голем успех во Купот.
Прашањето на победникот на натпреварот во „Македонско Сонце“ беше решено уште во првите триесет минути. „Зелено-белите“, носени од расположениот Павле Петровиќ (осум гола за само дваесет минути), на пауза заминаа со предност од девет гола (7-16). Во продолжението водството на битолчани само се зголемуваше. Во редовите на Еурофарм Пелистер 2 во вториот дел се разиграа Мијушковиќ и Буторац, па на крај Радовиш мораше да се задоволи само со пораз од 15 гола разлика.
Прв стрелец кај победничката екипа беше Петровиќ со осум гола, шест имаше Мијушковиќ, додека Маџовски заврши со четири погодоци. За Радовиш по четири гола впошаа Трајчевски и Трајанов.