Радовиш убедливо ги надигра младите вардарци

Екипата на Радовиш забележа нова победа во ракометната Суперлига и на домашен терен во салата „25 мај“ со 31-19 (16-13) славеше над Вардар Јуниор.

Младите вардарци имаа сила да се носат само едно полувреме со поискусниот противник, а потоа потфрлија и паднаа кондициски. Воедно, направија и грешки, поради кои му дозволија на противникот да се одлепи резултатски и да дојде до нови планирани бодови.

На паузата Радовиш имаше три гола предност, а Вардар Јуниор на некој начин беше конкурентен. Потоа, домаќинот се одлепи на 20-14, па потоа водеше и 24-15, за во наредниот период првпат да поведе двоцифрено и да ја задржи убедливата позитива до финишот.

Најдобар кај Радовиш беше Ивица Илиев со 13 гола, а Божидар Симиќ даде шест, додека кај Вардар Јуниор прво име беше Стефан Крстевски со пет гола.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4