Радовиш со нов тренер ги започна зимските подготовки

Ракометниот клуб Радовиш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, во која ќе има екстремно тешка задача. Во својот дом тимот го одржа првиот тренинг, а по заминувањето на Александар Долдуров, тренерската палка ја презеде добро познато име – Спасе Ѓорѓиев. Се работи за поранешен ракометар на Радовиш, кој една сезона беше и тренер на тимот. 

Ѓорѓиев им го претстави планот на своите ракометари и одржан беше полесен тренинг. Радовиш е пред многу тешка мисија, затоа што во есенскиот дел од шампионатот не успеа да освои ниту еден бод, поточно загуби во сите осумнаесет кола. 

Во следниот период клуб ќе ги објави и новите засилувања, како и противниците за контролните натпревари. Во првото пролетно коло Радовиш гостува кај Тиквеш, на седми февруари.