Радовиш со минимален триумф се врати од Прилеп

Ракометарите на Радовиш продолжуваат да се подготвуваат за вториот дел од сезоната во Суперлигата и одиграа контролен натпревар во Прилеп, против истоимената екипа.

Иако радовишани беа големи фаворити и се очекуваше лесна победа, на крај прилепчани беа совладани со само три гола разлика, 36-39. Тренерот Мијалов на овој натпревар шанса им даде на помладите ракометари кои во иднина треба да бидат столбот на овој тим. 

В сабота следува уште еден контролен натпревар за Радовиш, овој пат против екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци. Терминот на одигрување е 17:00 часот.

Вториот дел од ракометната Суперлига официјално почнува последниот викенд од месец февруари. Радовиш презими на петтото место со 22 освоени бода.