Радовиш славеше во Автокоманда, надежта за плеј-оф сè уште постои

Ракометарите на Радовиш ги задржаа малите шанси за пласман во плеј-оф во Суперлигата, откако денес прославија победа во Автокоманда над Металург 2 со убедливи 21-29, иако на полувремето имаа негатива, 10-9.

Почетокот на натпреварот почна лошо за избраниците на Раде Стојановиќ, бидејќи Радовиш поведе со 0-3. Сепак домашните се вратија во игра, и успеваа да парираат на поискусниот противник, барем до паузата, кога беше 10-9.

И вториот дел почна со серија од три погодоци на Радовиш, но овој пат Металург 2 не успеа да собере сили и да се врати во игра. Радовишани малку по малку изградија солидна предност, која на крајот стигна и до максимални девет голови, а мечот заврши 21-29.

Најдобар стрелец кај победникот беше Мајиќ со девет голови, додека искусниот Илиев даде осум. Кај домашните се истакна Гошевски со пет. Разликата меѓу Радовиш и Охрид сега е осум бодови, а двете екипи имаат уште по три меча за играње од регуларниот дел. 

Охрид игра дома со Борец, на гости со Пелистер и Прилеп, и мора да освои минимум еден бод за да биде сигурен во разигрувањето за титулата. Радовиш за да оди во плеј-оф, мора да ги победи сите мечеви, дома против Пролет и Прилеп, на гости против Борец, и да се надева дека охриѓани ќе ги загубат трите средби.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 ПелистерПелистер 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4