Радовиш сигурен во плеј-аут, останатите ќе се борат да избегнат бараж

Покрај ждрепката за плеј-офот, беа извлечени и редните броеви за плеј-аут дуелите. Таму тимот на Радовиш можеме да го прогласиме за сигурен суперлигаш во следната сезона, бидејќи има голема бодовна предност пред конкурентите, додека сите останатите екипи ќе се борат да го избегнат последното место кое носи бараж за опстанок.

Испаѓање нема да има, со оглед на тоа дека годинава само девет екипи беа дел од Суперлигата, па Вардар Јуниор, Прилеп, Борец и Металург 2 ќе играат без поголем притисок.

Датумите за играње се исти како и во плеј-офот, па и тука ќе има интересни дуели.