Радовиш поуспешен на тестот со Младост Богданци

Екипите на Младост Богданци и Радовиш со меѓусебен контролен натпревар ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во македонскиот ракомет, во кој тимот од Радовиш ќе се бори за опстанок во елитата, додека Младост брка враќање меѓу најдобрите.

На дуелот кој се одигра во Гевгелија поуспешен беше суперлигашот, кој славеше со сигурни 30-37, (14-17). Младост во своите редови го немаше искусниот Караиванов, кој потпиша нов договор со тимот, а отсутен беше и Роглев, но и покрај тоа прволигашот одигра квалитетен натпревар против поискусниот противник.

Во таборот на Радовиш се истакнаа Трајанов со осум гола, и  Органџиев  со еден помалку, а солидни беа и голманит. Искусниот Паунов собра единаесет, додека Ристов осум интервенции.

За Младост, Паунков имаше дванаесет одбрани, а најдобри стрелци беа Николовски со шест и Наумовски со пет погодоци.