Радовиш потпиша со нов кружен напаѓач, ќе дојдат уште два бека

Екипата на РК Радовиш успеа да обезбеди опстанок во Суперлигата, откако го победи РК Шампион во доигрувањето на плеј-аутот. Сега, тимот се припрема за нова сезона во елитата, а во ростерот пристигна и ново име. 

Се работи за Томче Трајчевски, кој игра на позицијата кружен напаѓач и доаѓа од редовите на Јуниор Кисела Вода. Освен во Скопје и настапите во Суперлигата, пикерот во својата кариера играше и за Преспа, а сега ќе ја задолжи опремата на Радовиш. 

Од клубот најавија уште две засилувања, кои се очекува да бидат на позициите лев и десен бек. Амбициите се опстанок во Суперлигата, па тимот мора да биде добро засилен и спремен на сите позиции.