Радовиш потпиша професионални договори со најдобрите ракометари од школата

Ракометниот клуб Радовиш ги потпиша првите договори со играчите кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона.

Дел од ракометарите кои настапуваа во ланскиот шампионат и во изминатата сезона остануваат дел од тимот, а особено значајно за Радовиш е што потпишани се договори со неколку перспективни млади ракометари од сопствената школа, кои со својата работа и посветеност заслужија место во сениорскиот состав.

Во новата сезона Радовиш ќе се натпреварува во Првата ракометна лига на Македонија, со јасна цел да изгради силен и конкурентен тим кој ќе ги исполни поставените амбиции и достојно ќе ги претставува клубот, градот и навивачите.

Досега договори со клубот потпишаа: Филип Костадинов – бек, Александар Ристов – голман, Иванче Ончев – бек, Стојанче Ристов – крило, Васе Петров – бек, Илија Димов, Стефан Трајанов – бек (кадети), Трајче Манасиев – пикер (кадети), Стефан Велков – бек (кадети), Александар Ѓоргиев – крило (кадети).

Од клубот најавија дека во наредниот период ќе ги претстават и останатите ракометари кои ќе бидат дел од ростерот, со што ќе биде комплетиран играчкиот кадар.