Радовиш парираше едно полувреме, но загуби на теренот на Пролет

Ракометарите на Пролет го победија аутсајдерот Радовиш (37-29) во рамките на осмото коло од плеј-аутот во Суперлигата на Македонија. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет 62 и Радовиш:

Гостинската екипа во салата „Македонско сонце“ тргна добро и поведе со 1-3, а потоа домашните се наметнаа и се вратија. Пролет се врати во игра, креираше пресврт (4-3), па и стекна предност од четири гола (10-6). Во следниот период Радовиш пак имаше добар момент, се врати во натпреварот и до полувремето со серија од 4-9 пред паузата стекна и предност од 15-16. Сепак, со голот на Стојановски домашниот тим израмни (16-16). 

Во продолжението гостинот од Радовиш парираше уште седум-осум минути, се одржуваше во игра до 21-20, а потоа следуваше пад. Пролет го крена нивото, заигра подобро и сосема заслужено до крајот стигна до сигурна победа против „фенерџијата“ во лигата. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Андреј Стојановски, додека кај Радовиш со по четири гола товарот го поделија Ончев, Трајчевски, Трајанов, Јанковски и Петров.