Радовиш не се дава, падна и Прилеп, реми на Борец и Струга

Екипата на Радовиш забележа многу важна победа во плеј-аутот и ја продолжи битката за опстанок. Тимот славеше на гостински терен кај Прилеп () кој досега немаше пораз во сегментот за разигрување за опстанок во елитата.

Дуелот беше израмнет, а се сврти во целост кон гостите во второто полувреме. Двата тима цело време беа близу, на паузата беше 14-13 за прилепчани, а пресвртот се направи кога од 22-20, Радовиш направи серија од 0-4 и дојде до 22-24. Оттогаш па до крајот Прилеп не успеа да се доближи резултатски до гостинот. Во еден момент Радовиш имаше и плус три што беше клучот во самиот финиш.

Најдобар стрелец беше Лазар Адамовиќ кој даде единаесет гола, пред Илиев и Јанковски со по пет гола, а кај Прилеп, Денис Шабановиќ имаше седум гола. За Радовиш ова беше втора победа во низа во плеј-аутот од Суперлигата.

  • Комлетниот натпревар меѓу Радовиш и Струга:

Во вториот натпревар, Фруитленд Борец и Струга го поделија пленот (24-24). Одличен на голот на домашните беше Ѓорѓевиќ со 18 одбрани. Бариша Цвитановиќ имаше седум гола кај велешани кои имаа проблем со техничките грешки, додека кај стружани, Александар Стојков погоди десет пати.