Радовиш не искористи напад за реми, инфаркт-завршницата за Куманово

Ракометарите на Куманово продолжуваат со одличните игри во плеј-аут од Суперлигата и запишаа огромна победа на гостувањето кај директниот конкурент за опстанок, Радовиш. 

Средбата во реновираната сала „25 мај“ донесе инфаркт-завршница, која што заврши со среќен крај за гостите кои славеа со минимални 25-26 и со тоа направија чекор напред кон останување во елитата и следната сезона.

  • Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Куманово:

Во текот на целиот натпревар се играше израмнето, водството наизменично се менуваше, а во последната минута се влезе со минимална предност на Куманово од еден гол. Откако гостите не го искористија својот напад, Радовиш тргна по реми, но не успеа да ја пробие противничката одбрана и остана со празни раце.

Давид Димевски имаше свое шоу и со девет гола беше прв стрелец кај победничкиот тим, а одличен беше и Винициус да Силва со седум погодоци. За Радовиш по шест гола постигнаа Јанковски и Чиселиев.