Радовиш лесно го надигра младиот Борец, за петта победа во сезоната

Екипата на Борец од Велес со нов неуспех го затвори регуларниот дел од сезоната во Суперлигата, откако во последниот дуел пред своите гледачи забележа убедлив пораз, овој пат од тимот на Радовиш со 24-47 (11-23).

Младите ракометари на велешкиот тим, кои со цел да не згасне овој клуб ја играат тековната сезона, нема по добро да го паметат регуларниот дел, затоа што денес го запишаа 18 пораз од исто толку натпревари. 

На полувреме се замина со 11-23 за радовишани, кои пак во вториот дел од минута во минута го зголемуваа водството, кое на крај достигна до +23 (24-47).

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Борец и Радовиш: 

За Радовиш ова беше само петта победа, па исто како и Борец сезоната ќе ја доигра во плеј-аутот, заедно уште со Струга, Вардар Јуниор, Припел и Охрид.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 14 12 2 0 486:350 136 38
2 Охрид 2013Охрид 2013 14 12 1 1 404:313 91 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 14 10 1 3 379:340 39 31
4 Пролет 62Пролет 62 14 9 2 3 440:371 69 29
5 РадовишРадовиш 14 7 1 6 412:408 4 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 14 6 0 8 385:417 -32 18
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 14 4 2 8 358:379 -21 14
8 Металург 2Металург 2 14 2 1 11 397:473 -76 7
9 РаботничкиРаботнички 14 1 1 12 399:504 -105 4
9 СтругаСтруга 14 1 1 12 323:428 -105 4